Могерини денеска во посета на Украина

Архивска фотографија-Шефицата за надворешна политика на Европската унија Федерика Могерини

Шефицата за надворешна политика на Европската унија Федерика Могерини денеска патува во Киев на разговори со украинските владини претставници во пресрет на четвртата годишина од нелегалната анексија на Крим од страна на Русија.

За време на нејзината дводневна посета таа ќе се сретне со претседателот Петро Порошенко, премиерот Володимир Хројсман, министерот за надворешни работи Павло Климкин и министерот за времено окупирани територии и раселени лица Вадим Черниш.

Од канцеларијата на Могерини соопштија дека посетата се случува во важен момент за спроведување на клучните реформи поврзани со договорот за асоцијација меѓу Европската унија и Украина кој влезе во сила во септември.