ЕУ со критика за смртната казна во Белорусија

Маја Коцијанчич, портпаролката на шефицата за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини

ЕУ упати критика до Белорусија за егзекуцијата на затвореникот Кирил Казачок и ја повика владата на претседателот Александар Лукашенко да ја укине смртната казна.

„ЕУ очекува од Белорусија, единствената земја во Европа која се уште ја практикува смртната казна неодложно да воведе мораториум на истата како прв чекор кон нејзино укинување“, се наведува во соопштението на Маја Коцијанчич, портпаролката на шефицата за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини.

Казачок беше осуден на смртна казна во декември, 2016 година за убиството на неговиот 17 годишен син и неговата 9 годишна ќерка за да ја казни неговата сопруга која побарала развод. Тој бил егзекутиран во октомври, минатата година, но неговото семејство било информирано во изминатите денови.