Уапсен осомничен по нападите во Виена

Полициски експерт собира докази по нападите во Виена

Австриската полиција уапсила авганистански државјанин за поврзаност со нападите со нож во Виена при кои тешко беа повредени 4 лица. 23 годишниот осомничен бил приведен откако избодел 20 годишен маж, исто така од Авганистан.

Полицијата се уште истражува дали осомничениот имал врска и со нападот на австриско семејство еден час претходно исто така во главниот град. Сите тројца членови на семејството, родителите и нивната 17 годишна ќерка, како и жртвата од Авганистан се здобиле со повреди опасни по животот.

Според полицијата, нападот најверојатно не е поврзан со тероризам, но се уште не се знаат мотивите на сторителот.