Во самоубиствен бомбашки напад во Авганистан загинаа две лица, вклучувајќи го локалниот шеф на министерството за верски прашања. Локалните власти соопштија дека 10 лица биле повредени, а целта на нападот во покраината Нангахар најверојатно бил претставникот на власта. Се уште никој не презема одговорност за нападот.