Руси обвинети за издавање документи од земја која не постои

Илустрација

Полицијата во Санкт Петерсбург соопшти дека уапсила четворица мажи кои се обвинети за фабрикување и продажба на лажни документи за идентификација од земја на Карибите која не постои.

Според полицијата, групата издавала лажни пасоши и возачки дозволи од земјата наречена „Кралство на слободниот остров од АСПИ“ кои ги продавала на странски работници. Цените на документите се движеле од 26 до 1760 долари.