Се урна хеликоптер во Чеченија, две жртви

Илустрација

Властите од Чеченија соопштија дека најмалку две лица загинале кога се урнал хеликоптер, кој им припаѓал на граничните служби. Според нив, хеликоптерот се урнал во планинскиот предел во јужниот дел на земјата. Се уште не се знае причината за несреќата.