Заев - Гутереш: Поддршка за реформите и политиките на добрососедство

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш во телефонски разговор со премиерот Зоран Заев ги поздравил реформите што ги прави Владата, вклучително и позитивниот пристап на нашата држава во односите со соседите. Во нивниот телефонски разговор попладнево позитивно бил оценет Договорот со Бугарија во кој покрај подобрување на билатералните односи помеѓу двете држави се гледа и придонес за односите меѓу соседите во регионот, соопштува владината прес служба.

“Генералниот секретар Гутереш во име на Обединетите нации ги поддржа разговорите што се водат со Грција под покровителство на медијаторот Метју Нимиц. Тој оцени дека постои позитивна динамика и можност да се дојде до заемно прифатливо решение. Гутереш најави дека ќе разговара и со грчкиот премиер Ципрас и рече дека ги охрабрува двајцата премиери и владите на двете држави да продолжат да работат во насока на решавање на долгогодишниот спор,” информира прес-слжбата на Владата.