Ди Мајо побара да ја формира новата влада на Италија

Лидерот на Движењето Пет Ѕвезди, Луиџи Ди Мајо

Лидерот на Движењето Пет Ѕвезди, Луиџи Ди Мајо по гласањето на изборите изјави дека тој чувствува одговорност да ја формира новата влада на Италија. Тој истакна дека изборите биле триумф за движењето.

„Ние сме победници“, порача Мајо на денешната прес конференција.

Движењето Пет Ѕвезди според раните резултати освои 31 отсто од гласовите како самостојна партија и се наоѓа веднаш зад коалицијата предводена од партијата на екс премиерот Силвио Берлускони која има 37 проценти од гласовите, но нема да има доволно поддршка за самостојно да формира влада.

Според италијанскиот изборен систем на коалицијата и требаат најмалку 40 проценти од гласовите, за да обезбеди мнозинство. Партијата на поранешниот премиер Матео Ренци освои 24 проценти на гласови.