Тевдовски ја отфрли можноста за ребаланс на буџетот

Министерот за финансии Драган Тевдовски

Министерот за финансии Драган Тевдовски денеска изјави дека повратот на ДДВ кон фирмите е зголемен и тој се врши неселективно и брзо, при што не се подготвува ребаланс на буџетот бидејќи објавените приходи за почетокот на годината се солидни и обезбедуваат адекватен раст.

Одговарајќи на новинарски прашања по седницата на Комитетот за финансиска стабилност, тој истакна дека, минатата година е реализиран поврат на ДДВ за 2,2 милијарди денари повисок во однос на 2016 година, односно за 12,2 отсто повеќе.

Тој посочи дека реализацијата на капиталните инвестиции на почетокот на годината е пониска, но се прави силен притисок до сите буџетски корисници да ги зголемат активностите затоа што, според него, само така ќе се обезбеди повисоко ниво на раст на економијата.