Собранието избра уставен судија и членови на Советот на ЈО

Седница во Собранието на РМ

Собранието денеска го избра Насер Ајдари, дипломиран правник и државен правобранител, за нов судија во Уставниот суд на Македонија. За изборот на Ајдари немаше расправа и за него гласаа 62 пратеници, а немаше ниту, воздржани ниту против.

Собранието ги избра и Ангел Солев, поранешен судија и адвокатот Ангеле Илиевски за членови на Советот на јавни обвинители. На седницата не присуствуваа пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.