Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи 35. седница на која на дневен ред се Предлогот за избор на судија на Уставниот суд и Предлогот за избор на членови на Советот на јавните обвинители. Насер Ајдари е предложен за нов уставен судија. Во Уставниот суд е испразнето само местото на Исмаил Дарлишта, по изборот на Дарко Костадиновски и Осман Кадриу во јануари годинава. За членови на Советот на јавни обвинители се предложени Ангел Солев, поранешен судија и Ангеле Илиевски, адвокат. На дневен ред на оваа седница се повеќе точки од областа на образованието, економијата, како и законот за стечајци.
Собранието ќе избира уставен судија и членови на Советот на ЈО
Седница на Собранието на Република Македонија