Јункер - Нема притисок од ЕУ за решавање на спорот за името

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер и премиерот Зоран Заев на прес-конференција во Скопје на 25 февруари 2018

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, по враќањето од турнејата на Западниот Балкан, за Еуроњуз изјави дека Европската унија не врши притисок врз Македонија и Грција за решавање на името.

„Притисокот не е алатка која треба да ја употребуваме. Ги охрабруваме Грција и поранешната југословенска Република Македонија да изнајдат решение за прашањето за името, ангажирани се во преговори, ние не треба да интервенираме“, вели Јункер.

Тој одби да одговори и на прашањето на новинарката за тоа дали е оправдано барањето на Грција, Македонија да го менува Уставот.