Мицкоски: Ќе водам математички прецизна политика

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Кристијан Мицкоски

„Главен мотив ми е да водам отворена и обединувачка политика, а додека сум претседател на ВМРО-ДПМНЕ нема да реагирам емотивно, туку мудро, трпеливо и математички прецизно“, изјави лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски во интервју за ТВ Канал 5. „Единствена цел ни е да анимираме што повеќе луѓе и групи за да ја поразиме деструктивната политика што ја водат Заев и СДСМ. Периодот можеби ќе биде малку подолг, но сигурен сум дека ќе се вратиме бидејќи граѓаните масовно се незадоволни од политиките што ги води владата во економијата, на меѓународен план и за реформите што ги ветија“, рече тој. Мицковски додаде дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е компактна и негираше дека се прави пазар за повлекување на амандманите за законот за употреба на јазиците во замена за ослободување на приведените за настаните од 27 април. Тој изјави дека во врска со преговорите за проблемот со името со Грција биле комплетно изолирани и новостите ги дознаваат од медиумите, а за понудените имиња од пакетот на Нимиц посочи дека ни едно не може да биде решение, бидејќи, како што рече, се македонско име на латиница.