Француски функционери спиеја на улица

Дваесет и пет официјални претставници на парискиот регион синоќа преноќиле на улица, со цел да го свртат вниманието кон проблемите со кои се соочуваат бездомниците. Снегот почнал да паѓа од рано утрово и брзо го натрупал целиот град. Неколкумината функционери со себе носеле ќебиња и вреќи за спиење, а врз себе имале сино-бело-црвени марами како симбол на нивниот статус. Од почетокот на годината во парискиот регион починале најмалку 13 бездомници. Заменик-градоначалничката на Париз изјави дека не треба ни да се помисли околу 6000 простории отворени за бездомниците да ги снема, тогаш кога температурите ќе пораснат. Цела Европа деновиве се соочува со арктичката бура наречена „Ѕверот од истокот“.