Русија успешно тестирала ново нуклеарно оружје

Рускиот претседател Владимир Путин за време на неговото обраќање до нацијата

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека неговата земја развила и успешно тестирала ново нуклеарно оружје, вклучително и нуклеарна крстосувачка ракета и нуклеарно подводно беспилотно летало. За време на неговото традиционално обраќање до јавноста, тој порача и дека новата интерконтинентална балистичка ракета Сармат има неограничен опсег и може да продре во секој антиракетен систем.

Користејќи графика и видео, Путин истакна дека новата подводна ракета може да биде лансирана од подморници и може да биде насочена кон воздушни и копнени објекти, при што е невозможно да биде пресретната од страна на непријателите.

Според него, нов авион со крстосувачки ракети бил успешно тестиран и сега е во производство. Тој порача дека новите оружја не се дел од советското наследство, туку биле развиени од научници и инженери од целата земја.