Притвор за советникот на градоначалникот на Шуто Оризари

Зградата на ОЈО

На советникот на градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш му е одреден притвор од 30 дена по барање на обвинителството. Дудуш е обвинет за примање на поткуп во висина од 1000 евра. Според обвинителството, наградата осомничениот ја договорил и ја примил за да се донесе решение за утврдување правен статус на бесправно изграден објект.