Воени ветерани во БиХ блокираа патишта

Воени ветерани го блокираат патот во Добој

Воени ветерани денеска ги блокираа патишта низ Босна и Херцеговина. Тие бараат од властите дополнителни бенефиции. Илјадници луѓе беа заглавени во нивните возила на ниски температури додека се одвиваа протестите.

Воените ветерани од босанската армија и хрватскиот одбранбен совет ги блокираа патиштата во Тузла, Зеница и Добој како и главниот пат од Сараево до Коњич. Тие ги повикаа законодавците да го исполнат нивното барање да им обезбедат по околу 200 долари месечно на невработените воени ветерани. Премиерот на БиХ, Фадил Новалиќ изјави дека земјата не може да си дозволи да им обезбеди дополнителни бенефиции на ветераните.