Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека во Германија постојат области во кои не било безбедно и оти се залага за нулта толеранција против криминалот. Таа во интервју за германската телевизија „НТВ“ додаде дека е неопходна борба против создавањето проблематични области, но не сакаше да каже за кои области станува збор. „Постојат такви области и некој мора да ги нарече со вистинско име и да направи нешто во врска со ова прашање“, рече Меркел.