Германски официјални претставници велат дека го истражуваат хакирањето на владините компјутери, иако одбија да ги коментираат извештаите во медиумите дека станува збор за руска група која се обвинуваа за обиди за инфилтрација во САД и Европа. Портпаролот на германското Министерство за внатрешни работи изјави дека владините агенции презеле мерки за да ги испитаат нападите и да ги заштитат податоците, без да дадат детални информации. "Нападот беше изолиран и ставен под контрола во рамките на федералната администрација", рече портпаролот. Германските медиуми претходно објавија дека руска група за хакирање продрела во безбедната компјутерска мрежа на министерствата за надворешни работи и министерства за одбрана и украла податоци.
Владини компјутери цел на хакерски напад во Германија
Пробиени кабел за податоци Интернет, 2016 година