Од студот починаа три лица на Балканот

Снег

Словенечките власти денеска соопштија дека во близина на Марибор пронајден е маж кој починал од хипертермија. Со тоа бројот на жртви од студот на Балканот се искачи на три.

Според словенечките метеоролози денешниот ден бил најстуден од почетокот на година, а најниската измерена температура е минус 27 степени Целзиусови.

Во Србија арктичкиот студен бран одзеде два живота. Првата жрвта е 75-годишен маж од општината Дољевац, чие семејство го пријави како исчезнат во понеделникот. Старецот, кој страдал од деменција, е пронајден мртов на локален пат во атарот на неговоот село, а според првите наоди, починал од измрзнување. Втората жртва на студот е 49-годишен маж, чие беживотно тело денеска беше пронајдено во снегот во селото Јерешник. Се претпоставува дека и тој починал од премрзнување.

Хидрометеоролошкиот институт на Србија за денеска прогласи жолт метеоаларм за поголем дел од земјата, најавувајќи дека утре ќе биде објавен црвен метеоаларм, што значи дека се предвидуваат „особено опасни временски појави, што можат да предизвикаат голема материјална штета и да бидат многу опасни за безбедноста на луѓето и животните".