Северна Кореја испраќала експерти за ракети во Сирија, како и опрема која може да се искористи за производство на хемиско оружје, јавија американски медиуми. Според медиумите, експерти на ОН пронашле повеќе од 40 непријавени пратки на опрема во Сирија меѓу 2012 и 2017 година.
Во извештајот на ОН кој не е објавен се оценува усогласеноста на Северна Кореја со резолуциите на ОН и се наведува дека претставници на една земја-членка на организацијата забележала техничари на Пјонгјанг во сириски објекти за хемиско оружје и ракети. Дамаск тврди дека Севернокорејците во Сирија се тренери и спортисти.