Русија ќе продолжи да го поддржува Асад

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека неговата земја ќе продолжи да и помага на владата на сирискиот претседател Башар ал Асад со цел да ја порази, како што ја нарече терористичката закана.

Говорејќи пред Советот за човекови права на ОН во Женева тој упати критика до земјите кои не успеале јасно да ги осудат сите форми и манифестации на меѓународниот тероризам.

Коментарот на Лавров доаѓа во услови кога западните земји ја повика Русија да го искористи своето влијание врз Асад со цел да обезбеди 30 дневен прекин на огнот во земјата, како што е побарано во резолуцијата на Советот за безбедноста на ОН, усвоена на 24 февруари. Хуманитарната пауза во источниот дел на сирискиот регион Гута вчера стапи на сила, но имаше пријави за нови напади и продолжување на борбите.