Ексдиректорот на неврохирургија Чапаровски со условна казна за примање поткуп

Основен суд Скопје 1

Поранешниот директор на Клиниката за неврохирургија, Александар Чапаровски е осуден на условна казна од една година која нема да се изврши доколку во следниве две години не стори ново кривично дело. Тој пред судот го призна делото, примање на поткуп.

Чапаровски беше обвинет по пријава од родител на болно дете на кого директорот му барал мито за да издаде потврда за лекување во странство. Тој според пресудата, нема да може да биде избран за директор во наредните две години.