Портпаролот на грчката Влада, Димитрис Ѕанакопулос говорејќи за телевизијата „Алфа“, порача дека грчките позиции и предуслови за спорот за името се јасни, а соседната земја е таа што треба да покаже волја и расположение за договор, а во спротивно нема да има решение.
„Ние имаме кажано кои се предусловите за да се постигне решение. Оттука, доколку нашите соседи имаат расположение и волја да одиме напред, да се насочиме кон едно заемно прифатливо решение, ние сме отворени и го имаме покажано тоа, ако не, нема да има решение“, рече Ѕанакопулос како одговор на ставовите на македонскиот премиер во интервјуата за „Шпигел“ и за „Еуроњуз“.