Членови на Пуси рајот задржани во Крим

Архивска фотографија-членка на руската пан група Пуси рајот Марија Аљохина

Три члена на руската панк група Пуси Рајот се притворени на полуостровот Крим, кој е анектиран од Русија. Олга Борисова вели дека таа и уште еден член на групата, Александр Софејев биле приведени вчера кога пристигнале на украинскиот полуостров, а третиот член Марија Аљохина била проведена денеска. Кримскиот адвокат Емил Курбединов денеска рече дека тројката била однесена во медицинска институција на тестирање и не даде повеќе детали. Според извори на локалниот соработник на РСЕ Борисова подоцна била однесена во полициска станица, Аљохина била ослободена а статусот на Софејев засега е непознат.Руските власти во Крим засега официјално не го коментираат приведувањето.