Јужна Кореја ги повика САД да ги намалат очекувањата од Северна Кореја

Претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин

Претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин изјави дека САД треба да ги намалат очекувањата од разговорите со Северна Кореја додека Пјонгјанг за возврат треба да покаже подготвеност за денуклеаризација.

Според него, важно е Северна Кореја и САД да ги започнат разговорите што побрзо. Пред завршната церемонија на зимските олимписки игри во Пјонгчанг, Мун се сретна со делегацијата на Северна Кореја, предводена од генералот Ким Јонг Чол.