Музејот на ВМРО дел од ревизијата на проектот „Скопје 2014“

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски

Музејот на ВМРО набрзо ќе биде дел од анализата на работната група која врши ревизија на проектот „Скопје 2014“, најави денеска министерот за култура Роберт Алаѓозовски.

Прашан во врска со ревизијата на проектот „Скопје 2014“, министерот Алаѓозовски рече дека работната група која врши ревизија на проектот не прави сеопфатна анализа, туку оди дел по дел.

Тој ги отфрли обвинувањата дека отстранувањето на споменикот на Ќосето е направено согласно договорот со Бугарија.