Грција нема да и отстапи територија на Албанија

Министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас

Министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас, изјави дека иформациите оти Грција отстапува дел од својата територија на Албанија се лажни.

„Грција нема да и отстапи на Албанија ни педа земја“, порачал Коѕијас за грчки медиуми.

Коѕијас рекол дека во врска со поморската граница, албанскот претседател Илир Мета треба да ја авторизира преговарчката група на Министерството за надворешни работи на Албанија, која ќе преговара со грчката страна.

Во меѓувреме во Албанија не стивнуваат обвинувањата на адреса на премиерот Еди Рама и шефот на дипломатијата Дитмир Бушати ,дека веќе и отстапиле на Грција 12 милји од Јонско Море каде имало нафта и гас.