Биљал Касами реизбран на конгресот на БЕСА во Скопје

Беса, политичка партија

Биљал Касами со поддршка од 455 делегати е реизбран за претседател на Движењето Беса, на конгресот на партијата во Скопје.

Конгресот го организираше едното крило на „БЕСА“, додека минатата недела на конгресот во Тетово на другото крило во партијата за лидер беше избран Африм Гаши.

Касами ги нарече последните превирања во Беса, игри и тенденции за раскол во партијата и оцени дека крилото кое веќе јавно е против него, има цел да ја разори БЕСА.

Прашан дали е подготвен да му се приклучи на парламентарното мнозинство, Касами рече дека моментално се дел од опозицијата и ако имаат понуда да бидат дел од Владата, секако дека ќе дискутираат.

Касами има поддршка од двајца пратеници во Парламентот, Фадил Зендели и Теута Биљали, додека другото крило ја има поддршката на Неџбедин Кахремани, Реџеп Мемеди и Африм Гаши