СДСМ денеска излезе со соопштение во кое реагира дека 11 годишното расипничко и криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ зад себе оставило пустош во економијата.
Претходно претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека зголемувањето на старосната граница за пензионирање е израз на неспособноста да се менаџира со јавните финансии.
Од СДСМ посочуваат дека токму неспособноста и криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски се причината за предизвиците со коишто денес се соочува Фондот за пензинско и инвалидско осигурување.
Во партиското соопштение се наведува дека граѓаните можат да бидат спокојни и се додава дека Владата предводена од СДСМ презема низа на мерки за санирање на штетите, стабилизација и одржливост на Фондот. На тој начин, зголемувањето на старосната граница за одење во пензија нема да биде потребна, посочуваат од СДСМ