Самоубиствен напад во Кабул усмрти и повреди неколкумина

Авганистански официјални лица соопштија дека бомбаш-самоубиец убил двајца претставници на безбедносните служби и ранил седум лица во напад во дипломатската област на главниот град на Авганистан, Кабул. Исламска Државаја презеде одговорноста за нападот. Портпаролот на министерството за внатрешни работи, Наџиб Дански, изјави дека нападот се случил во областа Шаш Дарак во Кабул, во близина на седиштето на НАТО и недалеку од Американската амбасада. Во близина на местото на бомбашкиот напад се наоѓа Авганистанската разузнавачка агенција, соопштуваат официјалните претставници. Во изјавата објавена на новинската агенција Аамак, ИД соопшти дека нападот бил извршен од страна на бомбаш со експлозивен елек, а цел на нападот било седиштето на авганистанската разузнавачка служба. Во меѓувреме, 18 војници загинаа во напад на Талибанците во западниот дел на Авганистан, соопшти денеска авганистанското Министерство за одбрана.