Данев и Велјановски нови членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, по предлог на Извршниот комитет донел одлука за нови членови на Извршниот комитет да бидат избрани, Драган Данев, кој воедно е и нов координатор на пратеничката група на ВМРО- ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија и Александар Велјановски, кој ја извршуваше функцијата претседател на општинскиот комитет на ВМРО- ДПМНЕ во Тетово.

На синоќешната седница на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се дискутирало за актуелните политички случувања во државата, заостанувањето во реформската агенда, демократското назадување, влошувањето на економската состојба, како и за остварените посети на претседателот Христијан Мицковски во Европскиот парламент и САД, соопштуваат од опозициската ВМР0-ДПМНЕ. Во партиското соопштение до јавноста се додава дека било дискутирано за се поголемото стагнирање на македонската економија и за безидејноста на оваа власт да се справи со овој предизвик.