САД воведоа нов пакет санкции кон Северна Кореја

Aмериканскиот претседател Доналд Трамп, во обраќањето на традиционалниот собир на републиканците.

Соединетите Американски Држави го воведоа досега најголемиот пакет санкции кон Северна Кореја, рече американскиот претседател Доналд Трамп, во обраќањето на традиционалниот собир на републиканците. Тој се надева дека од сето тоа ќе произлезе нешто позитивно. Претходно американското Министерство за финансии на својата веб страница, објави дека со новите санкции се опфатени едно физичко лице, 28 брода и 27 трговски и транспортни компании, кои помагале Северна Кореја да ги избегнува претходните санкции, воведени поради нејзината нуклеарна програма. Министерството ќе покрене и активноста за ограничување на изворите на нафта и приходи за Пјонгјанг кои ги користи за поддршка на својата нуклеарна програма и за војската.