Мицкоски преку видео обраќање - Македонија тоне во корупција

Претедателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во видео-обраќање рече дека сегашната власт нема преземено ниту еден чекот за сузбивање на корупцијата. Мицкоски вели дека иако владата ветувала општество во кое нема место за корупција, сега, како што вели, Македонија е означена како најкорумпирана држава во Европа. Тој вели дека корупцијата е распространета во сите институции.

„Потребна е решителност, независност и волја да се сузбие оваа појава“, вели тој.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече и дека јавноста чека одговори од премиерот до каде е истрагата за корупција за двајца членови на владата, која беше најавена.