Узбекистански блогер на суд за критики на Фејсбук

Узбекистанскиот блогер Абос Насридинов.

Блогер во источниот узбекистански град Наманган се појави на судење за наводна клевета и обвинение дека на Фејсбук објавил навреди против премиерот Абдула Арипов и ќерките на починатиот претседател Ислам Каримов.

Судењето на 59-годишниот Абос Насридинов започна на 22 февруари ва Административниот суд во Наманган. Насридинов за РСЕ рече дека тој само ги искажал своите ставови во врска со прашања во општеството, што е загарантирано со уставот на земјата. Ако биде прогласен за виновен, тој може да се соочи со висока казна.

По смртта на Каримов на крајот на 2016 година, под сегашниот претседател Шавкат Мирзијаев повеќе блогери и новинари почнаа да изразуваат критики кон јавни функционери.

Во октомври, „Хјуман рајт воч“ соопшти дека властите во Узбекистан презеле „некои позитивни чекори“ за време на првата година на Мирзијаев, но дека сепак треба да се направат „одржливи“ подобрувања во областа на човековите права.