МААЕ тврди дека Иран се придржува до нуклеарниот договор

Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија, Јукија Амано

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека Иран се придржува до нуклеарниот договор со шесте светски сили постигнат во 2015 година. Извештајот на агенцијата наведува дека Техеран ги исполнил клучните барања од договорот.

Извештајот доаѓа пред крајниот рок на американскиот претседател Доналд Трамп кој истекува за 4 месеци според кој Конгресот и европските сојузници треба да ги исправат, како што изјави, грешките во договорот или ќе се соочат со повлекување на неговата земја од него.