Косовското движење Самоопределување денеска соопшти дека поднело тужба против претседателот на земјата, Хашим Тачи за предавство. Тужбата, според движењето, е поради тоа што Тачи во 2015 година го потпишал Договорот за демаркација на границата меѓу Косово и Црна Гора.
Дел од косовските партии тврдат дека Косово со договорот на Црна Гора и отстапило дел од својата територија и затоа го сметаат за неприфатлив.