Трамп прими ученици кои го преживеаа нападот во Флорида

Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп прими ученици од средното училиште на Флорида кои го преживеаа нападот во кој беа убиени 17 ученици и професори, соопшти Белата куќа, наведувајќи дека тема било како да се подобри безбедноста во училиштата. На разговорот присуствуваа родители, деца и професори, како и потпретседателот на САД Мајк Пенс. Администрацијата на Трамп размислува како да реагира на минатонеделниот напад во Паркланд, Флорида каде што едно 19 годишно момче уби 17 ученици и професори во тамошното средно ушилиште. По овој напад расправата за контрола на оружјето повторно стана централна тема во САД.