Црвен метеоаларм во Хрватска – се очекува ветер од 150 километри на час

Архивска фотографија: Снег во Далмација

Црвен метеоаларм за денеска и утре е прогласен за Кварнер и Велебитскиот Канал во Хрватска, пред сè поради силниот североисточен ветар, чии удари ќе достигнат до 150 километри на час.

„Времето е многу опасно и подразбира големо ниво на опасност за здравјето, па дури и за животот, посебно за крајбрежното население“, се наведува во предупредувањето.

Присутен е и значителен ризик од штета на крајбрежната инфраструктура.

За подрачјето на Лика, Горски Котор и централна Хрватска за утре е издаден портокалов метеоаларм поради големите количества снег кои ќе паднат на тоа подрачје, каде се очекува 10 до 40 сантиметри нов снег.

Невреме со снег, кое предизвикува проблеми во сообраќајот има и во Босна и Херцеговина, а во некои општини во Република Српска е прогласена вонредна ситуација.