Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров попладнево допатува во дводневна посета на Србија, каде што со српските претставници ќе разговара за билатералните односи, економската соработка, ситуацијата на Западниот Балкан и за решавањето на косовското прашање.
На аеродромот Никола Тесла во Белград, Лавров беше пречекан од неговиот српски колега Ивица Дачиќ.
Вечерва рускиот министер се среќава со српскиот претседател Александар Вучиќ, а за утре се предвидени одвоени средби со Дачиќ и со премиерката Ана Брнабиќ.
Лавров допатува во посета на Србија по повод 180 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Србија и Русија.