Најмалку 36 луѓе загинаа кога автобус ноќеска падна во 200 метри длабока провалија во Перу. Полицијата наведува дека 34 луѓе се повредени и дека бројот на загинати може да биде поголем. Причината за несреќата сè уште не е позната.
Невнимателното возење и лошите патишта одземаат многу животи во Перу. Минатиот месец загинаа 52 луѓе во најсмртоносната сообраќајна несреќа во земјата во изминатите четири децении.