Османи: неопходен е национален консензус за европска иднина

Архива: вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

Новата Стратегија на Европската комисија за проширување со земјите од Западниот Балкан прецизно го валоризираше напредокот на Република Македонија и отвори историска можност за враќање на државата на европскиот колосек и нејзино приклучување кон динамиката 2025, изјави вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи на денешната средба во Берлин заедно со министерот за надворешни работи Никола Димитров, со претседателот на фондацијата Конрад Аденауер Ханг Герт Поетеринг.

Тој додаде дека оваа шанса претставува исклучително важен поттик за Владата, но и за целото општество, кое во моментов целосно е посветено на евроинтегративните процеси.

„Се наоѓаме во исклучително важен, може да се рече историски период, кога ни е неопходен национален и општествен консензус за конечно да го затвориме прашањето за европската и евроатлантска иднина на Македонија“, истакна Османи.