Времето денеска: облачно со врнежи од дожд и снег

Во Македонија ќе биде облачно, со повремени локални врнежи од дожд, на некои повисоки места и на планините од снег. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Повеќе врнежи ќе има во западните делови од земјата, особено попладне и во ноќните часови. Температурата ќе се движи од 1 до 10 степени. Во Скопје и околината слично време со температура до 8 степени.