Шест лица загинати, 300 приведени на протестите во Иран

Иран-иранската полиција во судир со муслиманите Суфии кои протестираа во Техеран, 20.02.2018

Пет припадници на вооружените сили се убиени, а 300 лица се уапсени за време на судирите меѓу безбедносните власти и муслиманите Суфии кои демонстрираа во иранскиот главен град Техеран.

Членовите на Гонабади суфискиот ред, познати како дервиши, тврдат дека најмалку еден нивни припадник е убиен од безбедносните сили во судирите за време на нивните протести во Техеран ден претходно. Тие протестираа пред полициската станица против приведувањето на нивни член.

На снимката објавена на социјалните мрежи, а која беше емитувана и на државната телевизија се гледа автобус кој влетува во група полицајци во северен Техеран, инцидент во кој полицијата првично тврдеше дека загинале тројца нејзини припадници. Денеска полицијата соопшти дека и двајца припадници на паравоените сили кои се поврзуваат со цврсто конзервативната Исламска револуционерна армија исто така се убиени.