Издадени налози за апсење на 170 лица во Турција

Архива: Уапсени војници за обидот за обидот за пуч во Турција.

Турските власти издадоа налози за апсење на 170 лица обвинети за поврзаност со мрежата одговорна за неуспешниот обид за воен удар во Турција во 2016 година, јавија локалните медиуми наведувајќи дека денеска се уапсени 22 лица.

Налозите за апсење се издадени за лица во Истанбул и 27 други провинции. Меѓу нив има пензионери, активни и суспендирани војници. Се верува дека осомничените преку телефон разговарале со имами.

Турција по неуспешниот обид за пуч прогласи вонредна состојба која се уште е во сила, а досега се уапсени повеќе од 50 илјади осомничени за учество во пучот.