Заев утре на средба со Меркел во Берлин

Архива: Премиерот Зоран Заев присуствува на Самитот за Западен Балкан во Трст.

Премиерот Зоран Заев утре во Берлин ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел, средба во рамки на официјалната посета на владина делегација на Германија, соопшти владината прес-служба.

Оттаму наведуваат дека Меркел и Заев ќе имаат заедничка прес-конференција, а за време на посетата во Берлин предвидено е Заев да се сретне и со претседателот на Германија Франк Валтер Штајнмаер.