Израел со напади во Газа по експлозијата на границата

Израелски војници. Илустрација.

Израелската војска соопшти дека нивни воени авиони спровеле напади врз цели на Хамас во појасот Газа откако четири војници беа повредени во експлозија долж границата.

Изарелското министерство за одбрана соопшти дека двајца од војниците се наоѓаат во тешка состојба и дека ова е најтешкиот инцидент од 2014 година на границата со појасот Газа кој е под контрола на исламистичката група Хамас. Според министерството, целта на нападите биле шест воени локации.