Јункер: Западен Балкан да ги реши споровите пред да влезе во ЕУ

Шсфот на ЕК, Жан Клод Јункер

Шефот на Европската комисија Жан Клод Јункер денеска истакна дека многу е важно на државите од Западен Балкан да им се понуди перспектива за членство во ЕУ. Но, според него, тие претходно мора да ги решат сите гранични спорови.

Јункер на годишната безбедносна конференција во Минхен порача дека е фрустриран од тековниот пограничен спор меѓу Хрватска и Словенија, кој не бил решен пред земјите да се приклучат на ЕУ и истакна дека поради тоа мора да се спречи таков случај со други потенцијални земји-членки.