Кадиров го нарече Путин супер херој

Рамзан Кадиров

Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров изрази надеж дека рускиот претседател Владимир Путин ќе остане на функцијата до крајот на неговиот живот. Кадиров кој ја има поддршката од Русија често упатува пофалби кон Путин и се нарекува негов војник.

Неговиот коментар доаѓа пред претседателските избори во Русија закажани за наредниот месец на кои се очекува Путин да освои нов мандат на функцијата. Кадиров го наече Путин и суперхерој и ги обвини неговите противници дека прават политички интигри.