Сончево со мала до умерена облачност

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, по одделни котлини со услови за појава на утринска магла. Преку денот ќе биде потопло, што ќе предизвика топење на снежната покривка, особено на планините. Утринската температура ќе се движи од минус два до нулата, а дневната од осум до 16 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Утринската темепратура ќе достигне до минус четири степени, а дневната до девет степени.